дома Свет ИСИС СО НОВА ЗАКАНА: Ќе им ги сечат главите на Нејмар и...

ИСИС СО НОВА ЗАКАНА: Ќе им ги сечат главите на Нејмар и Меси на светското првенство во Русија!

Џихадистите повторно најавуваат напади во текот на Светското првенство во фудбал и објавуваат постери со вознемирувачка содржина. Сега во главната улога е Меси на стадионот Лужњики.

Тие неодамна објавија и згрозувачка фотомонтажа на еден од најдобрите фудбалери во светот во поза на ликвидација, додека над него стои маскиран терорист. Аргентинецот е облечен во карактеристично портокалово одела, а ликвидацијата е поставена на стадионот Лужњики каде треба да се одигра големото финале.

На постерот има и цитат „Нашите зборови се она што го гледате, а не она што го слушате. Само вие почекајте, чекаме и ние“, а британскиот „Дејли меил“ тврди дека се работи за сериозна закана за тероризам на самото Светско првенство.

Мерките за безбедност ќе бидат подигнати на највисоко можно ниво, но сигурно е дека терористите смислуваат нови начини како ефикасно да ја спроведат заканата.