дома Хроника Искасапен адвокат во Тетово

Искасапен адвокат во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 72-годишниот В.А. од село Бродец за сторено кривично дело “насилство“.

На 18.04.2017 година, околу 12,00 часот, додека 51-годишниот Б.С.  од село Пирок, работел во неговата адвокатска канцеларија на улица “Илинденска“ на приземјето од градскиот трговски центар, пристигнал пријавениот кој влегол внатре и поради претходни недоразбирања околу имотно правни односи, почнал да упатува пцовки кон Б.С. Во еден момент од десниот џеб од панталоните пријавениот извадил нож со кој замавнал кон Б.С. задавајќи му удар во вид на расекотина во пределот на левата рака, додека со столчето од канцеларијата му задал удар во десното рамо, по што Б.С. успеал да побегне од канцеларијата упатувајќи се накај судот. Пријавениот со ножот во раката трчал по оштетениот до пред влезот на судот каде од страна на полициски службеници истиот е фатен и лишен од слобода.