дома Актуелно Искршена опремата на снимателот на Курир во Собранието

Искршена опремата на снимателот на Курир во Собранието

За време на немирите во Собранието, каде попладнево влегоа демонстранти по вонделовничкиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, настрада камерата и останатата опрема на нашиот снимател.

Во гужвата, нашиот снимател беше и физички нападнат, но за среќа мина без посериозни повреди.

Поради инцидентот, не сме во можност и понатаму во живо да ги пренесуваме случувањата во Парламентот.