April 18, 2024, 11:26 pm

ИСПОВЕД НА РАЗВЕДЕНА ЖЕНА: Да не сте ми кажале дека поради децата треба да се трпи мажот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имам 40 години и зад себе имам еден пропаднат брак и сега еден за кого живеам.

Со првиот маж се запознавме уште во средно училиште, одевме уште четири години пред да се земеме. Но додека бевме дечко и девојка се однесуваше океј бидејќи секој си одеше по дома кај мама и тато. Но кога се зедовме почна да си ги покажува роговите и да ме третира како робинка.

Кога излегов од болница со првото дете, тој воопшто не ни дојде да ме земе зошто сакал да му родам син а не ќерка. Родителите тогаш за првпат видоа колку е саатот, особено кога ме однесоа дома а таму го затекнавме него како си викнал друштво и со другарите се пијанчат. Целата куќа беше во хаос, а во спалната соба најдов еден негов другар кој беше мортус пијан.

Моите веднаш ми понудија ако сакам да се вратам дома, барем додека да се расчисти куќата за да може бебето да живее во чиста средина. Јас глупава им реков дека сега ова е мојот дом и дека тука ќе си останам.

Помина што помина, пак мајка ми остана да ми помогне околу средувањето и чистењето, но не можеше жената да ја задржувам да остане и да живее со нас. Секако, јас и тој бевме родители и моравме сами да се грижиме.

Кога една ноќ станав да го дојам бебето, го замолив да ми донесе чаша вода зошто многу ожеднав, тој само ми одговори да не се лигавам многу, зошто не сум била ни прва ни последна што сум родила, па продолжи да спие. Тоа траеше две години додека мене не ми пукна филмот и решив да се разведам.

Сега сум во брак веќе 10 години со мојот втор маж, и се сеќавам дека кога пред неколку години повторно родив дете со него, толку многу ми удоволуваше што не морав ниту со прст да му покажам што ми треба. Се грижеше и се’ уште се грижи и за мене и за нашите деца. Моето прво дете го прифати како негово и воопшто не прави разлика меѓу децата.

И еве, ниту ден денешен не е ништо променето, па затоа ве молам, немој никој да ми кажал дека треба да се трпи во бракот ради децата! Јас мислам дека токму децата страдаат во лош брак.

Затоа, сметам дека правилно постапив и на време го оставив првиот маж кој не само што беше неодговорен сопруг и татко, туку си имаше и пороци. Секој со својата среќа – како што велат, ама никој не се родил за да трпи, и затоа она што го велат старите дека треба да се трпи поради децата, сметам дека не е точно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This