дома Македонија Исправи се Македонија, Одбери обнова: Одбери целосна енергетска обнова на Македонија

Исправи се Македонија, Одбери обнова: Одбери целосна енергетска обнова на Македонија

Македонија мора да застане на нозе. Државата мора да биде економски и енергетски силна и независна. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, кој предвидува и целосна енергетска обнова, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашата стратегија е за целосна гасификација на Македонија, достапност на природен гас до сите домаќинства, индустријата, малите и средни претпријатија, образовните и социјални институции и здравствените установи. Дополнително ветуваме и се обврзуваме на поголема искористеност на обновливите извори на енергија – Изградба на ветерен парк во Миравци и систем за складирање на енергија од ветерен парк Богданци, како и бескаматни кредити и грантови за поставување на нови енергетски ефикасни фасади, прозорци, изолација на под и покрив.
Се обврзуваме за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и продолжување на животниот век на термоцентралата со нови рудни копови во Живојно и Мариово, како и продолжување на животниот век на ТЕЦ Осломеј и гасификација на ТЕЦ Неготино, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека ќе биде реализирано и ЈПП за изградба на Когенеративна централа Исток, со цел дополнително зајакнување на енергетските капацитети и намалување на потребата од увоз на струја. Македонија, енергетски стабилна земја е нашата обврска и на тоа се обврзуваме! Завршува времето на лошите политики во енергетиката и црпењето на пари од РЕК Битола, и другите енергетски капацитети во Македонија. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!