ИСТА КАКО ТАТО: Ќеркичката на Сара Мејс и Димитар порасна (ФOTO)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, интензивно објавуваат фотографии од нивната најголема љубов, малата ќеркичка Илина.

Па така, овој пат Сара објави фотографија на Инстаграм-стори од преслатката Илина која во рака држи голем есенски лист.

Не ги сокрила емоциите – на самата фотографија од милост напиша “Тртла“. Не може да остане незабележано дека ќерката на познатиот македонски пар многу потсетува на Димитар.

Сара, која е позната и по нејзиниот специфичен стил, одлично ја дотерала малата Илина. Здолниште, џемпер и елече – во боите на есента.

Летово Сара исто така објави неколку фотографии од Илина, а во описот на една од нив, напиша: „Баш ми е гајле ако досаѓам со слики од ќерка ми. Што да правам кога сум заљубена во најголемиов позитив на Универзумов. Боже, колку ја сакам. Не верував дека ова е можно. Таа да спие, а јас да ја гледам на слики од што ми фали.“

Иако Илина е многу мала, Димитар неколкупати ја однесе на работа, но, не било каде, туку во “Сити радио“. Па така, пред неколку месеци оттаму објави интересна фотографија, на кога таа му седи на раменици, под која напиша: „Од мала на глава ми се качува.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This