дома Политика ИСТЕКУВА ВРЕМЕНИОТ ПACОШ НА КАМЧЕВ: Тajната за времениот пacош беше откриена ...

ИСТЕКУВА ВРЕМЕНИОТ ПACОШ НА КАМЧЕВ: Тajната за времениот пacош беше откриена на европското првенство во Келн

На 8. ноември истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империja“.

 

 

По десет дена тој треба да го врати пасошот во Cyдот, кој го доби од Катица јанева пред шест месеци, која пак е во притвор за Рекет.

 

Откако јавноста го забележа Камчев на европското првенство во Келн, Германија, тајната беше откриена, односно обвинителката Јанева се правдаше дека му дала дозвола за времен пасош бидејќи требало да учествува, како што рече „на некој Управен одбор“, но не знаеше каде, пренесе Фокус.

 

Медиумите веќе пишуваа дека Камчев во изминативе месеци тивко и полека ги напушта бизнисите во земјава. Се повлече од управувањето и стана малцински сопственик на Систина, а претходно се повлече од директорското место во Орка Холдинг.