дома Хроника ИСТЕПАНИ ДОДЕКА ЧЕКАЛЕ АВТОБУС: Скопје станува небезбеден град – истепани двајца додека...

ИСТЕПАНИ ДОДЕКА ЧЕКАЛЕ АВТОБУС: Скопје станува небезбеден град – истепани двајца додека чекале автобус на ЈСП!

Триесет и тригодишниот Е.А.(33) синоќа во 23,15 часот пријавил во полиција дека на автобуска постојка на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, тој и неговиот пријател Ц.Ц. (25) биле физички нападнати од страна на непознат сторител.

МВР информира дека додека Е.А. го управувал неговото возило пред него застанало друго возило при што бил принуден да застане. Притоа излегло едно лице кое му ја отворило вратата од возилото го извадил надвор и го турнал на земја.

Ц.Ц. излегол од возилото за да му помогне, меѓутоа напаѓачот го удрил со бокс во пределот на лицето потоа се вратил и го удрил Е.А. во десното уво, влегол во неговото возилото и го напуштил местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.