Историска бomба од САД – Бугарите барале да се почитува македонското право на самоопределување: Како американски мисионери помогнале во кодификацијата на бугарскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешната објава ќе ја започнеме така што ќе ја завртиме масата 180 степени. Имено, наместо да ја докажуваме македонската посебност, ќе видиме каква е бугарската посебност, т.е. токму на тие кои постојано нам ни ја порекнуваат посебноста.

Бугарските шовинисти ја кријат својата фрустрација и чувство на пониска вредност со тоа што ни ја крадат нашата историја и истовремено не‘ напаѓаат дека ние сме ја краделе нивната историја. Тоа е како кога крадецот вика: „Фатете го крадецот.“

Да видиме зошто Бугарите, чест на исклучоците, така се однесуваат.

Прва и основна причина е дека Бугарите немаат свои преродбеници за националната преродба со кои можат да се гордеат и да ги слават. Втората причина е тоа што Бугарите немаат свои востанија со кои се ослободиле во последните векови, за да се гордеат со нив и да ги слават.

Но да почнеме од почеток.

Благодарение на американските мисионери во 1840-тите години, Бугарите го добија првото стандардизирано бугарско писмо. Американските мисионери беа приморани да создадат стандардизирано бугарско писмо за да можат на бугарски јазик да ја преведат и распространат Библијата. Еден од најзначајните и први мисионери кои се зафатил со ова дело бил Американецот Елиас Ригс, кој од 1838 до 1853 година работел за Американскиот совет во Смирна, а потоа ја продолжил својата дејност за Амерканското библиско здужение во Истанбул. Прво ја објавил книгата „Граматички белешки за бугарскиот јазик“ во Смирна, во 1844 година; потоа „Превод на светото писмо на бугарски јазик“ во 1871 година во повеќе изданија, во Истанбул и Виена; па „Хармонија на псалмите на бугарски“ во 1880 година во Истанбул; и други помали верски книги на бугарски јазик.

Друг мисионер бил Американецот Сајрус Хамлин, кој ја продолжил мисионерската работа на Ригс. Еве што напишал Едвард Хаскел, еден подоцнежен мисионер во Бугарија: „Тоа беше во средината на деветнаесеттиот век, кога Бугарите, раса чие постоење беше скоро заборавено од надворешниот свет, го привлекоа вниманието на Сајрус Хамлин, Елиас Ригс и други величествени мисионерски државници кои тогаш беа влијателни во Истанбул“ (Edward B. Haskell, “American Influence in Bulgaria”, The Missionary Review of the World, January 1919, page 25).

Не само што американските мисионери ги испечатиле некои од првите книги на бугарски јазик, туку во 1864 година го основале и првото месечно списание под името „Зорница“, кое подоцна постанало и седмичник. Бугаринот Владимир Цанов во 1919 година има напишано дека американските мисионери помогнале да ја откријат (измислат?) бугарската нација. Истиот автор (Хаскел) на страна 27-8 ја раскажува случката од 1890-тите години кога бугарскиот принц Фердинанд бил во Цетиње во посета на црногорскиот принц Никола. На забелешката од принцот Фердинанд дека американските мисионери многу го делеле народот во Бугарија, црногорскиот принц Никола дофрлил: „Ако немаше американски мисионери немаше да има ни Бугарија.“

Во однос на основањето на бугарската држава во 1878 година, Бугарите не славам свое востание, туку ја слават Руско-турската војна по која Русија, како победник во војната, издејсвува основање на пријателска држава на Балканот. Бугарите можат да се охрабруваат дека имале доброволци во руската војска, но имало и Романци кои војувале во руската војска, како и Македонци кои се надевале дека руската војска ќе го продолжи своето продирање на целиот Балкан.

Но до тоа не дошло. Не само што не помогнале да се ослободи Македонија, туку не ја ослободиле ни цела Бугарија, и истата ја оставиле како вазална држава на Турција. Затоа, се‘ до 1908 година, покрај бугарскиот јазик и турскиот бил службен јазик во Бугарија.

Сега Бугарите го слават Санстефанскиот договор помеѓу Русија и Турција како свој национален празник, наспроти други народи, како и македонскиот, кои ги слават своите востанија за слобода како национални празници. Истовремено, додека ние Македонците ги славиме македонските борци од Втората светска војна за извојуваната државност по победата над германските и бугарските нацисти, Бугарите ги слават руските војници кои на тацна им ја подарија слободата. И наместо вечно да им се благодарни на руските војници, сега сакаат и тоа да го сокријат со сквернавење на спомениците во чест на руските војници и офицери, додека некои бугарски политичари бараат и отстранување на истите.

За да не останеме должни за некое ново откритие во однос на македонската посебност, еве ќе го искористиме истото списание и напис на Едвард Хаскел, овој пат на крајот од својот напис на страна 31-2: „Ако, признавајќи ги правата и аспирациите на другите балкански држави, им дадеме на Македонците привилегија на самоопределување, бугарската благодарност нема да има граници, а американските мисии ќе видат пред нив можности за кои ќе биде тешко да се исполнат.“

До следната објава.

Пишува: Драги Стојковски претседателот на Организацијата Обединети Македонци на Канада

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This