Историјата непотребно за cкaндализира, тврди Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска завршува периодот на доставување на коментарите за предложената нацрт-концепција за основно образование по електронска пошта, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со директорите на училиштата на којашто беше дадена целосна поддршка на спроведувањето на реформите.

Започнување реформа во образованието на краток рок, без подготовки и без стручна и јавна дебата може да доведе до далекусежни последици. Изучувањето на историјата која е од голема општествена важност се губи во погорните одделенија и треба да остане како посебен предмет, реагираат од Сенатот на универзитетот “Свети Кирил и Методиј’ за најавениот нов концепт од министерката Мила Царовска. Неприродно се интегрираат општествените, хуманистичките и природните науки и уметностите истакнуваат од сенатот. За реформата да се реализира е потребна согласност од сите сегменти во образовниот процес, сметаат членовите.

Царовска пак, е убедена во исправноста на реформите. Се сретна со директори на училишта кои главно го поддржуваат новиот концепт. Забелешките од Сенатот на УКИМ вели дека не биле остри, а историјата непотребно се скандализирала.

„Најголемиот дел од коментарите се однесуваат на тоа дека треба да забавиме со реформите. Секако сметаме дека се движиме полека, затоа што имплементирањето на оваа концепција според она што го предлагаме ќе се случува во наредните 6 години. Односно влегуваме само во прво и во четврто одделение во наредната година и сукцесивно ќе се додава година по година и тоа е најблагиот пристап којшто го преземаме во воведување на реформите“, рече Царовска.

„Како до сега така и од сега подготовката на имплементацијата на целата програма си оди тековно. Сега станува збор за усвојување на документ концепт кој што треба да биде надограден со наставни програми кои што мора да се направат во консултативен процес со сите засегнати. Се работи за спин за историјата обид за извртување на тезите за новата концепција и поврзување на реформа во основно образование со надворешно-политичко прашање на нашата држава”, рече Царовска.

За новопредложената концепција за основно образование, реагира, и здружението на информатичари на Македонија. Главната критика на „здружението на информатичари“ е дека со новиот концепт наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини, се оди неколку чекори наназад и се брише и тоа што претходно било постигнато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This