дома Европа Истрага во болниците во Италија од каде се рашири коронавирусот

Истрага во болниците во Италија од каде се рашири коронавирусот

Италијанските обвинители отворија истрага за процедурите усвоени од страна на болниците во регионот на Ломбардија во центарот на епидемијата на коронавирусот во Европа, откако се појавија извештаи дека лекарите првично го одложиле тестирањето на италијанскиот „супер-проширувачот“, дозволувајќи болеста да се развие брзо, вклучувајќи и надвор од границите на земјата.

Бидејќи беа потврдени нови случаи во Шпанија, Франција, Австрија, Швајцарија, Хрватска, Германија, Грција, Норвешка, Алжир и Македонија, беше објавено дека болница во Ломбардија, каде се наоѓаат најголемиот дел од инфекциите, го одложила тестирањето на „пациент-еден“, 38-годишен маж за кој се верува дека е првиот извор на локален пренос.

Во вирусот досега починаа 12 лица во Италија, а последната жртва е 70-годишна жена во Емилија-Ромања. Случаите низ целата земја достигнаа 378, меѓу нив пет деца на возраст меѓу четири и 15 години.

Полициските службеници извршиле увид во текот на ноќта на болниците во ломбардиските градови Кодоњо, центарот на епидемијата, Касалпустерленго и Лоди.

Истрагата следува откако премиерот Џузепе Конте обвини неименувана болница за придонес во ширењето на вирусот со тоа што не успеала да се придржува кон соодветни процедури.

Извештаите во италијанските медиуми се фокусираа на тоа дали медицинскиот персонал пропуштил можности да идентификува корона вирус кај еден пациент – идентификуван како „Матија“ – кој останува сериозно болен во болницата во Павија, јужно од Милано.

Се верува дека мажот ги заразил својата бремена сопруга и еден пријател со кој трчал, како и три постари лица кои посетувале бар во сопственост на таткото на неговиот пријател.

Тој бил поврзан и со осум други инфекции, меѓу нив здравствени работници и пациенти во болницата во Кодоњо, од кои една, наводно, била 77-годишна жена, која починала од болеcт во неделата. Жената стpадала од пневмонија и постмоpтем беше тестирана позитивно на виpусот.