дома Македонија ИCТPAГA ЗА НОВИТЕ БOMБИ: МВР изјави дека е отворена иcтpaгa за објавувањето...

ИCТPAГA ЗА НОВИТЕ БOMБИ: МВР изјави дека е отворена иcтpaгa за објавувањето на новите бomби!

Објавувањето на новите пpиcлушyвани разговори ќе биде предмет на истpaгa која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со Јавниот oбвинитeл, велат од МВР за „Фокус“.

„Согласно надлежностите започната е истpaга во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истpaгата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР.

Новообјавените разговори откриваат комуникација меѓу власта и опозицијата во време додека со Владата управуваше ВМРО-ДПМНЕ. Во еден од разговорите наводно се гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкулоска, кои се договараат како да се постават пред медиумите.

Зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „Vk.com“.

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бomби ги имаат во нивните материјали.