Истрага и притвор за дилер на дрога од Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Полициски службеници вчера извршиле претрес во станот во кој престојувал осомничениот на булеварот „АСНОМ“ во Скопје и откриле дека тој неовластено за продажба држел 1.713,87 грама марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This