Истрага против дилер на кокаин од Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 22-годишник неовластено заради продажба кај себе држел 98,98 грама наркотична дрога – кокаин, спакувана во една полиетиленска паковка. Дрогата била откриена на 21 декември, кога полициски службеници се обиделе да го запрат возилото со кое управувал осомничениот пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Тој не застанал и со автомобилот продолжил да се движи. По претходна слушната објава по радио врска, автомобилот го забележал и сопрел друг полициски службеник на булеварот „ВМРО“. Притоа, осомничениот се обидел да го фрли пакувањето со дрога во средишната жардињера од булеварот и да побегне, но бил спречен во намерата и приведен.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This