дома Хроника Исчезнаа две деца од Јавна установа за згрижување на деца во Скопје,...

Исчезнаа две деца од Јавна установа за згрижување на деца во Скопје, полицијата трага по нив

Двајца малолетници на возраст од 14 години вчера се оддалечиле од Јавна установа за згрижување на деца во Скопје.

На 13.10.2021 во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца се оддалечил нивниот штитеник Д.Д.(14) од Скопје, кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.10.2021 во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца самоволно се оддалечил нивниот штитеник М.А.(14), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.