дома Европа ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИЛА ДВА ТОНА KOKAИH: Пресретнатата пратка била наменета за шпанскиот...

ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИЛА ДВА ТОНА KOKAИH: Пресретнатата пратка била наменета за шпанскиот пазар!

Италијанската финансиска полиција денес заплени два тона чист кoкaин во пристаништето на Генова.

Пратката со дpoгa во вредност од 500 милиони евра потекнувала од Колумбија и била пресретната на пат кон Шпанија.

„Оваа акција е најважна во последните 25 години“ наведе полицијата и додаде дека успехот е резултат на  соработката со колумбиските, шпанските и британските власти.

Дpoгaтa била откриена на 23ти јануари, во ќеси во контејнери на брод кој доаѓал од Колумбија. Бродот застанал во Генова и требало да продолжи кон Барселона, за чиј пазар била наменета дpoгaтa, пренесува Бета.

Италијанската полиција исто така објави дека и вчера запленила пратка со 640кг koкaин во вредност од 130 милиони евра, на пристаништето во Ливорно.