дома Македонија Италијанците за Пaндeв: Maкедонија го има свojoт нов Алeкcaндар Beлики

Италијанците за Пaндeв: Maкедонија го има свojoт нов Алeкcaндар Beлики

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по победничкиот гол против Грузија за историски пласман на Македонија на Европското првенство не се симнува од насловните страници на италијансмите медиуми, кои го споредуваат со Александар Македонски.

„Македонија, која го достигна максимално третото место во квалификациите и за Светското и за Европското првенство, по милениуми најде нов лидер од типот на Александар Велики. Пандев нема да влезе во историските читанки како славниот крал и неговите фаланги, туку ќе влезе во историјата на фудбалот заедно со соиграчите. Неговите солзи на крајот од натпреварот кажуваат сè. Тој е човекот со најмногу настапи и голови за националниот тим, кој ја испиша оваа страница на историјата“, се вели во написот на вебстраницата „Алфредо Педулја“.