дома Европа Италија бара европскиот сертифиkaт да важи и за жители на земји кои...

Италија бара европскиот сертифиkaт да важи и за жители на земји кои не се членки на унијата

Mинистерот за здравство на Италија, Роберто Сперанца, во ТВ-интервју во неделата изјави дека ќе предложи зелениот сертификат да се одобри и за земји кои не се членки на Европската унија.

„Ќе предложам зелениот сертификат да се користи не само со европските земји, туку и со оние кои не се членки на ЕУ, како што се Јапонија, Соединетите држави или Канада“, изјави министерот Сперанца во интервјуто, додавајќи дека ќе го даде предлогот на претстојниот состанок на министрите за здравство на ЕУ и доколку се одобри, ќе ја олесни мобилноста на патниците.

„Зелената пропусница ќе биде дигитална со код за мобилниот телефон, и покрај тоа што веќе има хартиен сертификат со кој се потврдува вакцинацијата“, додаде тој.

Сперанза исто така рече дека многу е веројатно дека ќе треба трета доза на вакцина, засилувач што веројатно ќе биде модифициран за да ги покрие варијантите.