дома Свет Италија издава монета од 2 евра во знак на благодарност до здравствените...

Италија издава монета од 2 евра во знак на благодарност до здравствените работници

Италија годинава ќе издаде специјална паричка, во апоен од две евра, со која ќе изрази благодарност на здравствениот сектор посветена на лекари, медицински сестри и здравствени работници кои се соочија со пандемија на ковид-19 во болниците во таа земја, објави Министерството за економија на Италија.

Паричката ќе ги содржи и иницијалите на авторот на скицата, Италијанката Клаудија Момони.

„Министерството одлучи на овој начин да им се заблагодари на сите здравствени работници што толку напорно работеа и работат за нашето здравје и за нас. Затоа оваа паричка ми е толку драга“, изјави Момони за Ројтерс.

Монетата, која ќе биде законско средство за плаќање и од која ќе бидат ковани три милиони парчиња (во вредност од шест милиони евра), е дизајнирана со фигури на, маж и жена, кои претставуваат здравствени работници што носат маски, и е испишан натпис „Благодарам“.

Три милиони такви монети ќе бидат дистрибуирани во мај или јуни, а неколку илјади оригинални копии може да се купат како колекционерски предмети.

Oд почетокот на пандемијата, која веќе однесе животи на повеќе од 85.000 луѓе во земјата, и на повеќе од триста здравствени работници.