дома Европа Италија најави тyжба против „Фајзер“

Италија најави тyжба против „Фајзер“

Италија размислува да покрене правна постапка против компанијата Pfizer Ink откако американскиот производител на лекови најави натамошно намалување на снабдувањето со вакцини против вирусот корона, изјави специјалниот комесар за covid-19 во Италија, Доменико Аркури.

Минатата недела, Фајзер објави на Италија дека ја намалува испораката на вакцини против ковид-19 за 29 проценти, објави Ројтерс.

Во вторникот, Фајзер објави дека не е во можност да го надомести недостатокот на 29 проценти следната недела и дека планира одредено намалување на испораките, рече Аркури.

Како резултат, разговаравме што да сториме за да ги заштитиме италијанските граѓани и нивното здравје во граѓанска и кривична смисла, рече Аркури во изјавата доцна синоќа.

„Едногласно беше одлучено дека ќе бидат преземени активности во наредните денови“, посочи тој, пренесува Танјуг.