дома Европа Италија нa пpвo мecтo пo бpoјoт нa пoчинaти oд Koвид-19 вo Европа

Италија нa пpвo мecтo пo бpoјoт нa пoчинaти oд Koвид-19 вo Европа

Италија стана земја во Европа со најголем број смртни случаи како последица на ковид, со тоа што во изминатите 24 часа се регистрирани 462 смртни случаи.

Со тоа, бројката на починати од почетокот на епидемијата до сега се искачи на 74.621 луѓе.

Она што ги загрижува властите е што дневниот број на жртви остана висок и покрај новите мерки.

Министерството за здравство соопшти дека во Италија, во последните 24 часа има 22.211 новозаразени лица.

Италија започна вакцинација против коронавирус и приоритет се луѓето во домовите за стари лица и медицинскиот персонал.