дома Свет ИТАЛИЈА ПОНУДИ САМО ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА: Италија нема да влезе во евентуален воен...

ИТАЛИЈА ПОНУДИ САМО ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА: Италија нема да влезе во евентуален воен напад во Сирија

Италија нема да има директна улога во евентуален воен напад на сириската влада, но ќе пружи логистичк поддршк на своите сојузници, соопштено е денес од Кабинетот на италијанскиот премиер Паоло Џентилони

Премиерот на Италија Џентилони денес имаше многубројни „меѓународни контакти“, помеѓу останатите и со германската канцеларка Ангела Меркел, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

„Италија нема да учествува во воените акции во Сирија. На основа на сегашните меѓународни и билатерални договори, Италија ќе продолжи да пружа логистичка поддршка на сојузничките сили “, рекол Џентолини, стои во соопштението.

И Германија денес соопшти дека нема да се придружи на евентулни напади во Сирија, кои би претставувале одговор на наводниот напад на сирискиот претседтел Башар ал Асад со отровен гас во енклава во рацете на опозциијата.