дома Европа Италија co нajгoлeм бpoj нa жpтви вo Европа oд пoчeтoкoт нa пaндeмиjaтa

Италија co нajгoлeм бpoj нa жpтви вo Европа oд пoчeтoкoт нa пaндeмиjaтa

Италија во саботата имаше најголем број на смртни случаи од новиот коронавирус во Европа од избувнувањето на пандемијата – 64.036 – заземајќи го местото на Велика Британија, која досега го држеше тој неславен рекорд.

Италијанското Министерство за здравство во саботата објави дека имало 649 смртни случаи и 19.903 нови случаи во изминатото деноноќие.

Само САД, Бразил, Индија и Мексико се погодени посилно од епидемијата.

Податоците за Европа собрани од Франс Прес покажуваат дека Италија го надмина Обединетото Кралство во саботата (кое има десет помалку смртни случаи, 64.026), по што следат Франција (57.567), Шпанија (47,624), Русија (46,453) и Полска (22,676). .

Италија објави најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа во последните седум дена (4.522), по што следат Русија (3.769), Велика Британија (3.012), Германија (2.949) и Полска (2815).

Од 1 ноември, Италија објави повеќе од 25.000 смртни случаи (25.418), скоро колку што имало од 2 април до крајот на октомври (25.463).

Меѓу најтешко погодените земји е Белгија, која има најголем број на жртви во светот според бројот на жители, 154 на 100.000 жители, по што следат Перу (111), Италија (106) и Шпанија (102). Велика Британија има 94 смртни случаи на 100.000 жители.