дома КОВИД-19 (Коронавирус) Итен состанок на Даунинг стрит по повод новата варианта на ковид-19

Итен состанок на Даунинг стрит по повод новата варианта на ковид-19

Британскиот премиер Борис Џонсон го повикал ненадејно во петокот ноќта својот потесен кабинет за разговори како да се сузбие новата повирулентна мутација на коронавирусот /Ковид-19, објави интернет изданието на дневниот весник „Телеграф“.

Итните нови рестриктивни мерки би можело да бидат објавени веќе го сабота, а можеби ќе влучуваат и ограничувања на патувањата меѓу југоистокот на Англија, вклучително и Лондон и остатокот на земјата, пишува весникот.

Британската владат уште во понеделникот предупреди дека новиот раст на бројот на коронаинфекциите на дневно ниво би можел да биде поврзан со нова варијанта на вирусот.

Претходно во петокот „Телеграф“, исто така, извести дека владините службеници очекуваат одобрување за вакцината која ја развија британско-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и англискиот Универзитет Оксфорд на 28-ми или 29-ти декември, и оти тоа одобрување би можело да ја забрза кампањата за вакцинирање против ковид-19.

На почетокот на декември Велика Британија стана првата западна земја којашто одобри вакцина за коронавирус.
Британскиот премиер Борис Џонсон претходно во петокот изјави дека се надева оти Англија нема да мора да оди во третото затворање по католички Божик.