дома Балкан ИТЕН СОСТАНОК НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: Вучиќ го свика Советот на национална...

ИТЕН СОСТАНОК НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: Вучиќ го свика Советот на национална безбедност на Србија поради случувањата во Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за вечерва во 19.30 часот свика итна седница на Советот за национална безбедност по насилството на Косовската полиција во Митровица

Денес попладне, во Косовска Митровица е уапсен шефот на владината канцеларија на Србија за Косово Марко Ѓуриќ.

Апсењето беше спроведено со долги цевки, шок бомби и сирени за предупредување од напад.

Веднаш потоа Ѓуриќ беше префрлен во Приштина.

Во меѓувреме Вучиќ телефонски разговараше со Путин за ситуацијата на Косово.