дома Свет Итен состанок на Совeтот за бeзбедност на Обединетите нации поради eckaлација на...

Итен состанок на Совeтот за бeзбедност на Обединетите нации поради eckaлација на koнфликтот помеѓу Израелците и Палестинците

Советот за безбедност на Обединетите нации (Советот за безбедност на ООН) за денеска најави итен состанок посветен на ескалацијата на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, пренесува рускиот ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од Советот за безбедност на ООН.

Според него, консултациите беа закажани за во 15,00, каде се наоѓа седиштето на ООН.

Членовите на Советот за безбедност на ООН не успеаја да го усогласат текстот на документот за ова прашање за време на консултациите во понеделникот, а според руската агенција, тие веројатно нема да можат да усвојат заедничка резолуција или изјава ниту на денешната седница.

Денеска ескалираа непријателствата меѓу Израел и Хамас со најмалку 35 убиени во Газа и пет лица во Израел.

Палестинските сили испукаа стотици ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз појасот Газа.

Ова е најсериозната конфронтација меѓу Израел и милитантната организација Хамас од 2019 година, а беше предизвикана од судирите меѓу Палестинците и израелската полиција во и околу џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Ситуацијата во Ерусалим беше напната за време на рамазанскиот пост, поради најавеното присилно иселување на Палестинците од нивните домови во Источен Ерусалим.