дома Македонија ИТНО ПРОТЕРУВАЊЕ НА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР: Светскиот Македонски Конгрес бара амбасадорот на Велика...

ИТНО ПРОТЕРУВАЊЕ НА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР: Светскиот Македонски Конгрес бара амбасадорот на Велика Британија да биде протеран од земјата!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет во интервјуто за телевизија ТЕЛМА, дека “решението за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион, и за западните земји заедно со Велика Британија”, со очекување Македонија и Грција да направат компромис.

СМК и натаму смета дека Македонија е гаранција за траен мир на Балканот. Но, промената на името на државата и идентитетот на нацијата ќе ги повампири апетитите од Балканските војни 1912-1913 година и ќе биде повод за дестабилизација на Европа!

СМК повторува дека изјавата на Чарлс Гарет за промена на името на државата и идентитетот на нацијата претставува континуирано грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и поради тоа бара да биде прогласен за персона нон грата и протеран од Македонија!

СМК го потсетува Чарлс Гарет дека промената на името на државата не е политичка храброст, туку претставува флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!