дома Политика ИФТАРОТ ЈА ЗАТВОРИ СЕДНИЦАТА: Талат Џафери ја прекина седницата за избор на...

ИФТАРОТ ЈА ЗАТВОРИ СЕДНИЦАТА: Талат Џафери ја прекина седницата за избор на влада поради ифтар

Пратеникот Талат Џафери денес ја затвори седницата на која единствена точка беше гласањето на новиот состав на Владата, иако претходно беше најавено дека истата ќе трае до полноќ, до кога треба да биде изгласан новиот владин кабинет

 

Според договореното, како што рече Џафери, седницата продолжува утре во 12 часот. Прв говорник Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ, кого го опомена утре да биде навреме на работа ако сака да го задржи правото на збор.

Иако претходно договорено, седницата да трае до полноќ, денешната заврши во 19.00 часот , време во кое почнува ифтарот, време во кое припадниците на исламската вероисповед за прв пат во денот пијат вода и јадат, во светиот месец Рамазан.