дома Актуелно Ич гајле не ни е што ќе си се удавела во Плитвички,...

Ич гајле не ни е што ќе си се удавела во Плитвички, ама за уништената армија мора да поднесеш одговорност…

Додека Македонија, со променето име, изгубена чест и достоинство, предадена историја и култура чека пред портите на НАТО за да стане дел од друштвото елитни светски армии, касарните низ Македонија се претвараат во депонии. Исто како и државата

30-те договорени прашања, со еднакво ступидни одговори не се доволни да ја оправдаат миниистерката Шекеринска за состојбата во која се наоѓа армијата. Затоа што ниту граѓаните ги интересира што таа ќе се удавела во Плитвички езера, ниту пак на војската и е гајле што таа сакала да биде учителка.

Реалноста е дека таа е уништувач на бедемот на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Па освен гумите за пет-шест возила, расипаните пилешки гради и недостатокот на гориво за воените возила, сега, можеме да видиме како пропаѓаат и касарните на АРМ.

Таков е примерот со касарната во Битола. Некогаш гордост на армијата, сега руина. Депонија. Исто како и државата.

А.Митовски