дома Хроника „ИЧ НЕ ПОАЃАЈТЕ НА СТРАЖА“: Стража блокирана од снег во моментов!

„ИЧ НЕ ПОАЃАЈТЕ НА СТРАЖА“: Стража блокирана од снег во моментов!

Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан во 16:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштија од ЈП „Македонија Пат“.

 

Од истите причини во 17 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

На Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, пред околу еден час беа објавени фотографии од моменталната состојба на Стажа на кои може да се види долга колона возила и нерасчистен снег на патот.

-Стража блокирана, ич не поаѓајте, се вели во објавата на „Ѕид на сообраќајниот срам“.