дома КОВИД-19 (Коронавирус) ИЈЗ: Евe вo кoj гpaд имa нajмнoгy зa6oлeни co Koвид-19 нa 100...

ИЈЗ: Евe вo кoj гpaд имa нajмнoгy зa6oлeни co Koвид-19 нa 100 илjaди житeли

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 20-ти декември покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Штип.

„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.061,9 на 100.000 жители, Скопје (5.478,4/100.000), Свети Николе (4.923,9/100.000), Кавадарци (4.396,5/100.000), Прилеп (4.139,8/100.000) и Неготино (4.009,3/100.000), инциденца под  2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Кратово, Македонски Брод, Радовиш и Крушево“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.