дома Политика И АЛИЈАНСКА ЗА АЛБАНЦИТЕ СО СВОЈ ПРЕДЛОГ ЗА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ: Алијанса на...

И АЛИЈАНСКА ЗА АЛБАНЦИТЕ СО СВОЈ ПРЕДЛОГ ЗА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ: Алијанса на Села бара 8 изборни едници со отворени листи

Алијансата на Албанците на Зијадин Села не ја прифаќа инцијативата на 12те пратеници за една изборна единица.

Според нив, партиите не можат да постигнат да имаат контрола контрола на изборниот процес на целата територија и се сомневаат дека тоа може вештачки да го крене цензусот онаму каде што нема контрола.

– Ние размислуваме на нов модел на организирање на избори. Бараме 8 изборни единици согласно регионалната поделба која што постои, со отворени листи. При тоа не сите изборни единици би носеле ист број на пратеници, туку согласно бројот на гласачи во тој регион – рече Зијадин Села, пратеник на Алијансата на Албанците.