И Аргентина ја одобри руската вaкцина пpoтив кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аргентина даде одобрување за употреба на руската вакцина против коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми. 

Информацијата ја потврди и Рускиот фонд за директни инвестиции, произведувач на руската вакцина. Аргентина претходно ја одобри употребата на вакцината на Фајзер. Аргентина е прва латиноамериканска земја која и официјално ја одобри вакцината „Спутник V“.

Вакцината официјално е одобрена за итна употреба врз основа на резултатите од третата фаза на клиничките тестирања спроведени во Русија и без дополнителни тестирања во Аргентина, се вели во соопштението на Рускиот фонд.

Како што јавуваат руските и аргентинските медиуми, во Москва веќе се наоѓа авион од Аргентина кој пристигнал по руските вакцини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This