дома Европа И Британија ќе соработува со Талибанците, соопшти премиерот Џонсон

И Британија ќе соработува со Талибанците, соопшти премиерот Џонсон

Британскиот премиер Борис Џonонсон денеска изјави дека Велика Британија ќе соработува со Талибанците, доколку е потребно.
Џonонсон го бранеше и министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој беше критикуван за справување со ситуацијата во Авганистан и рече дека „апсолутно“ му верува, пишува Ројтерс.
„Она во што сакам да ги убедам луѓето е дека нашите политички и дипломатски напори да најдеме решение за Авганистан, доколку е потребно со Талибанците, ќе продолжат“, изјави Џonонсон за медиумите, пренесува Танјуг.
Британската влада соопшти дека евакуирала 1.615 луѓе од минатата сабота, а премиерот рече дека ситуацијата на аеродромот во Кабул е подобрена.