И Брнз го “нокаутираше” Заев: “Heдoвoлни peфopми нa Bлaдaтa вo cyдcтвoтo, шиpoкa pacпpocтpaнeтocт нa кopyпциja и нeмaњe нaпpeдoк вo cпpaвyвaњe co kopyпциja..”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една потврда овој пат од aмериканската амбасадорка Кејт Мери Брнз за недоволните реформи на владата предводена од премиерот Зоран Заев во судството, широката распространетост на корупцијата и немањето напредок во справување со корупцијата, недостаток на доверба во институциите како и неуспех во обидот да се изградат силни и независни институции.

Иако премиерот Зоран Заев во предизборната кампања ветуваше создавње на услови и враќање на младите во Македонија сепак нема ништо од тоа. Американската амбасадорка Кејкт Мери Брнз во однос на младите забележа „имате млади луѓе во земјава кои се прашуваат дали овде имаат иднина и можности“, рече Брнз.

Недоволни реформи во судството, недостаток на доверба во институциите за кои Брнз рече: „независни јавни обвинители се елементите за кои не се преговара во одговорна демократија и се клучните составни делови за долгорочен раст и економска стабилност“.

Брнз додаде дека потребно е во судството да се направат правилни промени и да се воведат побргу.

Амариканската амбасадорка Брнз го нотира и неуспехот да се изградат силни и независни институции на кои граѓаните ќе им веруваат.

„Ние многу вложувавме во обидите да се изградат институции што ќе влеваат доверба во независното судство. Но потребно е време, а луѓето се исфрустрирани поради одолговлекувањето. Затоа сметам дека е важно, да се забрзаат тие реформи, тоа да се надмине“, истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Република Македонија во емисијата „Само интервју“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This