И Бугарите ни го земаа името: Исто е ама не е исто – УКИМ доби „близнак“ од Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), доби близнак од Бугарија – универзитет со ист назив, кој доби одобрение од Владата да врши високообразовна дејност во Република Северна Македонија, пренсува СДК.

Одлуката која е донесена, во член 1 гласи: „Со оваа одлука на странската високообразовна установа Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, со седиште на ул. „Теодосиј Терновски 2“ 5003 Велико Трново, Република Бугарија, акредитирана за вршење на високообразовна дејност од страна на Националната агенција за оценување и акредитација на Република Бугарија, се дава одобрение за вршење на високообразовна дејност на територијата на Република Северна Македонија“.

Ректоратот на УКИМ два дена не реагира, ректорот Јанкуловски воопшто не се јавува, а и Правниот факултет „Јустинијан Први“ молчи, без да објасни дали Владата со својата постапка го крши Законот за авторски права и индустриска сопственост, дозволувајќи (странски) универзитет со исто име паралелно да работи на наша територија.

На прашањето зошто Владата даде одобрение на странски универзитет со исто име како нашиот најреномиран и најстар универзитет „Свети Кирил и Методиј“, за САКАМДАКАЖАМ.МК одговорија дека сè е по закон и прописи, и дека називот: ВЕЛИКОТРНОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново се разликува од нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

-Се кршат три закони во Македонија ако се регистрира Универзитетот од Велико Трново ама за @VladaMK тоа не е никаков проблем? УКИМ е директно нападнат, професорите, со чест на некои исклучоци, молчат! Тоа е таа комформистичка интелектуала, пишува професорката Тања Каракамишева на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This