дома Локално И вечерва aepoзагадувањето далеку над дозволенaта гpaница

И вечерва aepoзагадувањето далеку над дозволенaта гpaница

Вечерва не се дише во главниот град. Речиси сите мерни станици се во виолетовата зона, па аерозагадувањето е далеку над дозволената норма.

Најзагадено во Ново Лисиче со 407 ПМ 10 честички на метар кубен, во Автокоманда 226, Карпош 252, Кисела Вода 290, Центар 155…

Ништо подобар не е воздухот ниту во останатите градови. Па така, најзагаден вечерва е македонскиот туристички центар. Во Охрид вечерва мерната станица измери 438 ПМ 10 честички на метар кубен. Во Кавадарци 424, Струмица 378, Тетово 338, Штип 273, Велес 231..