дома Македонија И ВЛАСИТЕ СО ПОДДРШКА ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Да кажеме НЕ за бинационална...

И ВЛАСИТЕ СО ПОДДРШКА ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Да кажеме НЕ за бинационална Македонија

И Власите со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, пред граѓаните пред собранието на Македонија се обрати Христос Папули од невладината сектор на влашката заедница, тој ги пренесе петте пораки на Власите во Македонија.

-Почитувани присутни, граѓани и граѓанки на Република Македонија, Македонци, Власи,  Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и сите други заедници, дозволете ми во мое лично име и во името на невладиниот сектор на влашката заедница во Република Македонија, да ве поздравам и да ви ги пренесам пораките на Власите од Република Македонија:

1.Зачувување на унитарноста на Република Македонија

2.Почитување на химната и Уставот на Република Македонија

3.Зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет

4.Отфрлање на сите платформи кои не носат кон дестабилизација на земјата

5.Давање силна поддршка за заедничка Македонија

Тој напомена дека Власите се против бинационална Македонија, тие сакаат мултиетничка, мултикултурна и мултиконвенционална Македонија.

-Ние Власите уште на формирањето на Крушевската Република во 1903 година, дадовме, даваме и ќе даваме силни напори во градење на Македонија и секогаш ќе бидеме еден дел или мост за поврзување на народите во Македонија и пошироко на Балканот. Од овој импозантен протест ние Власите, даваме силна поддршка за заедничка Македонија. Да кажеме не за бинационална Македонија, да кажеме да за мултиетничка, мултикултурна и мултиконвенционална Македонија, Македонија на сите граѓани без разлика на националнта и религиозната припадност. Почитувани присутни сите заедно можеме повеќе за градење на една, унитарна, силна, економско развиена, мултиетничка, прогресивна и европска Македонија. Со надеж дека овие наши пораки ќе станат реалност за заедничка Македонија, изјави Христос Папули.