дома Занимливости И ВО ДОБРО И ВО ЗЛO: Дејвид Бекам ја извлекува Викторија од...

И ВО ДОБРО И ВО ЗЛO: Дејвид Бекам ја извлекува Викторија од банкрот!

Викторија Бекам направи вистинска револуција во модата и е една од ретките кои модните инсајдери ја прифатија откако излезе од шоубизнисот и влезе во модниот свет. Но, иако критичарите ја сакаат и ја прифатија како сериозна модна дизајнерка, кај неа не е се така совршено.

Имено, британските медиуми откриле дека нејзината компанија е во финансиски проблеми и дека нејзиниот сопруг Дејвид Бекам во изминатите три години ѝ помогнал со околу 23 милиони фунти.

Иако нејзината облека ја сакаат славните како Меган Маркл и Лејди Гага, Викторија поради финансиските проблеми морала да отпушти третина од вработените, а за да не случи банкрот ѝ помогнал Дејвид.

Тој има сопствена компанија која заработила повеќе од 20 милиони фунти, а наводно повеќе не планира да ѝ позајмува пари на Викторија туку очекува сама да ги реши своите потенцијални проблеми. Својата модна куќа ја основаше во 2008 година, а веќе четири години подоцна се соочила со финансиските проблеми кои до денес не успеала да ги реши.

Неодамна пронашла нови инвеститори и наводно добила 30 милиони фунти за следниот бизнис период.