дома Социјални Мрежи И ГЕОРГИЕСКИ ГО ПОПРАВИ ЃОКОВИЌ: Охридскиот градоначалник го покани Новак во „С“...

И ГЕОРГИЕСКИ ГО ПОПРАВИ ЃОКОВИЌ: Охридскиот градоначалник го покани Новак во „С“ Македонија

Новак Ѓоковиќ се вклучи во живо на социјалните мрежи и зборуваше за Република Македонија, за Македонците, ја запеа „Македонско девојче“ и изрази желба да ја посети нашата земја. Земјата која тој ја нарекува по нашето уставно име Република Македонија.

Но, тогаш покрај премиерот Заев се јави и градоначалникот Константин Георгиески и во пост на Фејсбук го kopигираше Ѓоковиќ, нарекувајќи ја нашата земја Северна Македонија.

„Се приклучувам на поканата на нашиот Премиер Зоран Заев и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија упатувам јавна покана до Вас и Вашето семејство да бидете гости во нашиот преубав Охрид и да уживате во нашето Охридско Езеро и сите уникатни природни и културни богатства“, напиша Георгиески на Фејсбук.