дома Религија И ДВАЈЦАТА БИЛЕ МАЧЕНИЦИ: НИТУ ЕДНИОТ ВО РАКАТА ДРЖИ ЧАША ИЛИ ШИШЕ,...

И ДВАЈЦАТА БИЛЕ МАЧЕНИЦИ: НИТУ ЕДНИОТ ВО РАКАТА ДРЖИ ЧАША ИЛИ ШИШЕ, НИТУ ДРУГИОТ ЉУБОВЕН ПОДАРОК!

По повод денешниот празник и вечната дилема, дали Св. Трифун или Св. Валентајн, отец Горан Стојчевски објаснува:

И двајцата биле маченици, едниот држи во раката крст, нема чаша, нема ни флаша, другиот Светото Евангелие, нема подарок, ниту картичка. И едниот и другиот сиот свој живот на Христа Бога го предале/подариле, и ни оставиле со пример наследство на тоа што значи да си верник.

Денес, бидејќи на човекот полесно му е да си прави празници согласно своите страсти, а празници врз страсти нема, тогаш ги искривува постоечките по “наук” од ѓаволот кој нема свои зборови, туку ги извртува Божјите. После првата чаша забораваме кои сме, после шишето не знаеме ни што сме и сѐ тоа од “љубов”, и така е направен компромис кованицата вино и љубов, да нема лутење. 

Има еден возглас на секоја Литургија: да се сакаме еден со друг и едномислено да (ја) исповедаме (верата), тоа е вистинскиот став.

Ниту св. Трифун е пијаница, а уште помалку св. Валентин е љубовник од швалерски происход, но секој некаде се пронаоѓа, за жал најмалку во личностите на двајцата.