дома Временска Прогноза И денеска врнежи од дожд и снег

И денеска врнежи од дожд и снег

Врнежливото време ќе продолжи и денеска. Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат пообилни претпладне, особено во источните делови.

Вкупната количина на воден талог локално ќе надмине 30л/м2. Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје и Охрид 5 Целзиусови степени, Маврово 0, Крива Паланка и Берово 3, Битола 4, Кавадарци 7, Гевгелија 8 степени.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Дневните температури ќе бидат во Скопје и Битола 2, Маврово и Берово -2, Охрид 3, Кавадарци 4, Крива Паланка 1, Дојран 6 степени.