дома Актуелно И ДРЕКСЛЕР МАЈЕР СТАВА КЛУЧ НА ВРАТА?: Поглем дел од вработените во...

И ДРЕКСЛЕР МАЈЕР СТАВА КЛУЧ НА ВРАТА?: Поглем дел од вработените во фабриката на пpинyдeн одмор?

Германскиот гигант за производство на автомобилска опрема,  Дрекслер Мајер од сабота 21.03.2020 ги праќа поголемиот дел од своите вработени на принуден одмор. Според неофицијалните информации кои ги добивме од вработените во фабриката, денес на поголемиот дел од нив им било посочено дека ќе бидат на принуден одмор и истиот ќе им трае до 06 април.

Инаку во Дрекслер Мајер има околу 6000 вработени од Велес, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Росоман, Градско, Демир Капија.

Поради препораките на Владата и прогласувањето на вондредна состојба од страна на Претседателот Пендаровски, една од најголемите странски инвестиции во Македонија реши да ги заштити своите вработени од епидемијата и несакано ширење на вирусот.

Ова е втор ваков случај, каде што големите странски инвестиции се решаваат на ваков чекор. Денес на принуден одмор сите свои вработени ги испрати и Кромберт и Шуберт во Битола.

Се очекува известување од компанијата во врска со ново настанатата состојба.

 

Извор: Велес 365