дома Македонија И дeнecкa пpoтecт нa ТУК, ce пpиклyчyвa и Koмopaтa нa cмeткoвoдитeли

И дeнecкa пpoтecт нa ТУК, ce пpиклyчyвa и Koмopaтa нa cмeткoвoдитeли

Протестот на Туристичко угостителската комора продолжува и денеска. Од Комората најавија дека ќе протестираат се до исполнување на барањата.

Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, пред два дена пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности.

Под мотото „Ќе можете ли“, ги повикува надлежните институции итно да ја обезбедат бараната финансиска поддршка.

Кон протестот вчера се приклучи и Комората на сметководители која години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста.