Возачите кои долго време имаат возачка дозвола честопати се соочуваат со сообраќајни знаци кои не ги познаваат – или ги заборавиле или пак никогаш не ги научиле.
Меѓу нив се и оние кои даваат информација за престанокот на важењето на некои наредби.
Ваквите знаци всушност ги одбележуваат местата на патот, каде што престануваат да важат одредени ограничувања и зaбрaни, кои важеле пред тоа место.
Во продолжение, погледнете ја низата на вакви сообраќајни знаци, меѓу кои последниот е оној на кој многу малку возачи му го знаат значењето.
Последниот сообраќаен знак во низата всушност покажува дека престанува важноста на сите претходни зaбрaни и ограничувања. Од местото на кое е поставен па натаму не важи ниту една од претходните наредби наметнати за возачите.