дома Балкан И Косово ги зaocтpyвa мepкитe: Од пeтoк пoлициcки чac вo Приштина

И Косово ги зaocтpyвa мepкитe: Од пeтoк пoлициcки чac вo Приштина

Како што објави на денешната прес-конференција премиерот Авдулах Хоти, во неколку општини од петокот, 13 ноември, се очекува да се спроведе карантин, а ќе биде воведен и полициски час за граѓаните од 19 до 5 часот наутро.

Станува збор за седум општини, меѓу кои и главниот град Приштина, кои се класификувани во таканаречената „црвена зона“, поради процентуално најголем број заразени и починати од Ковид-19. Другите општини влегуваат во „зелената“, со помал број, и во „жолтата зона“, во која има најмал број заразени и во овие две зони нема да има полициски час.

Хоти најави и други мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, кои засега се предлози, но изрази уверување дека ќе бидат изгласани во Владата и ќе стапат во сила од петок.