дома Актуелно И МЕЃУНАРДОДНАТА ЌЕ ЈА ПРАШАМЕ ЗА ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Груевски за пародијата „избор“...

И МЕЃУНАРДОДНАТА ЌЕ ЈА ПРАШАМЕ ЗА ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Груевски за пародијата „избор“ на претседател на Собрание!

Реакциите на меѓународната заедница за мене беа очекувани после снимките кои излегоа од собранието, излегоа снимки на кои секој би реагирал, тепаат пратеници и народ, меѓутоа кога ќе се погледнат добро фактите ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, против уставно и против деловничко да се избере претседател на собрание, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.

Груевски го запраша и новинарот кои има искуство, по кој член од деловникот се избира претседател на собрание и како очекува некој да ако го погледне деловникот да каже дека се било согласно деловникот законот и уставот.

-Тоа беше кршење на правото, вели Груевски. Тој на прашањето како ќе реагира кога ќе се сретне со меѓународната заедница вели:

-Ќе ги прашаме и нив кажете ни по кој член од деловникот е избран за претседател Талат Џафери, владеењето на право треба да важи и во нивните земји и во нашата земја и треба да важи секаде и не може да важи секаде, а само за избор на претседател на собрание да не важи гужва е и критична е ситуацијата, рече Груевски.