дома Хроника И МBP co дeтaли зa cлyчajoт Taбaнoвцe: Coпpyгoт имaл пpocтpeлнa paнa, жeнaтa...

И МBP co дeтaли зa cлyчajoт Taбaнoвцe: Coпpyгoт имaл пpocтpeлнa paнa, жeнaтa пoчинaлa oд пoвpeди oд ocтap пpeдмeт

Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопшти денеска МВР.

– Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.

Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот се предадени на обдукција.

-Со цел, утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРСМ. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.