дома Свет И НА БУНТОВНИЦИТЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ: Про-турски опозициски групи...

И НА БУНТОВНИЦИТЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ: Про-турски опозициски групи во Сирија нападнале пункт на американската војска!

Американските војници кои се наоѓаат во Сирија биле приморани да одговорат на нападот на локалната опозициска група која ја поддржува Турција, изјавил претставникот на штабот за операции „Непоколеблива одлучност“, полковникот Рајан Дилон, јавува Ројтерс

„Нашите сили навистина беа нападнати и отворија оган, а потоа се повлекоа на безбедно место“, соопштил тој.

Инцидентот се случил недалеку од градот Манџиб на северот на Сирија. Во овој регион се активни групите кои ги поддржува Турција и кои се борат против владата во Дамаск.

Претставниците на американската команда додаваат дека за тоа ја известиле и Анкара. Според зборовите на Дилон, вакви инциденти помеѓу претставниците на американската коалиција и опозиција се недопустливи.