дома Актуелно И ОБЈАСНУВАЛЕ КАКО НА НЕУКА СТРАНКА: Катица го изнервирала обвинителот Сулејманов со...

И ОБЈАСНУВАЛЕ КАКО НА НЕУКА СТРАНКА: Катица го изнервирала обвинителот Сулејманов со апсолутната неукост!

Специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева ја напушти денешната седница на Советот на јавните обвинители на која се разгледуваше извештајот на СЈО.


– Личните навреди и вадењето прашања од контекст од извештајот сметам дека нема потреба да ги одговорам и затоа ја напуштив седницата. Но, сметам дека и членови на Советот на јавните обвинители исто така ја напуштија седницата бидејќи не го оправдуваа начинот на кој постапуваше Сулејманов – рече Јанева.

Членот на Советот, Зоран Сулејманов, рекол дека Јанева е непрофесионална, не си ги извршува своите обврски и не сака да одговара на прашањата што тој и ги поставува.

Тој додал дека Јанева е неисполнителна и зборува само за тоа што таа сака да зборува и дека не покажува никакво почитување кон Советот.

– Тој рече дека некои работи ќе се обиде да и ги објасни како што им објаснувал на неуките странки што доаѓале кај него и се жалеле и истакна дека Јанева ги исполнува условите Советот да побара нејзина смена – истакнуваат извори од седницата.
„Иако на некои луѓе по неколкупати сум им објаснувал, едноставно не разбираат. Ним им велам дека доаѓаат во земјоделска аптека и сакаат да купат боза. Еве, на ист начин ќе се обидам и вам да ви објаснам и можеби ќе сфатите што сакам да кажам“, истакнал Сулејманов.

По ова, Јанева ја напуштила седницата. Потоа таа изјави дека е задоволна од начинот на кој комуницирала со Советот, но дека е изненадена од нивната заинтересираност за работата на СЈО.

– Се надевам дека ќе ја продлабочиме соработката. Членовите на Советот решија да дојдат да ги проследат просториите на СЈО каде што во согласност со нивните овластувања ќе им бидат покажани и самите материјали што ги имаме – рече Јанева.

Јанева во понеделникот ја напушти и собраниската седница на Kомисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Вчера седницата на Kомисијата беше одложена поради нејзино неприсуство и што ја блокира работата на Собранието по повод извештајот на СЈО.

Седницата на Советот на јавните обвинители Јанева ја напушти образложувајќи дека и се врши мобинг и дека обвинителите ја прашувале за с`, само не за извештајот, а веднаш откако излезе од салата, изјави дека е задоволна од начинот на кој течела седницата и во иднина се надева на поголема соработка со Советот на јавните обвинители.

– Генерално, задоволна сум од тоа како течеа седницата, прашањата, презентацијата на извештајот, но морам да кажам дека последните прашања, кои повеќе беа навреди на лична основа, не беа во ред и токму од тие причини ја напуштив седницата. Мислам дека моето мислење го делат и другите членови на Советот на јавните обвинители, кои исто така ја напуштија седницата – потенцира Јанева.

 

Дневник.мк